ОПШТИНА КРУШЕВО
ОБЈАВА 01/2016
заотуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавнонаддавање во општинаКрушево со намена:
- За изградба на индустриски објекти со основни класи на намени: Г2 – лесна и незгадувачка индустрија, Г3 – срвиси, Г4- стоваришта, согласно УПВНМ за индустриска зона ОПАЛЕНИК КО Алданци, Општина Крушево, плански период 2013– 2023 донесен со Одлука бр. 07-406/4 од 22.04.2014 година.
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНОНАДДАВАЊЕ
Предмет на електронско јавно наддавање е градежнонеизградено земјиште, сопственост на Република Македонија предвидено со:
1. УПВНМ за индустриска зона ОПАЛЕНИК КО Алданци, Општина Крушево, плански период 2013 – 2023 донесен со Одлука бр. 07-406/4 од 22.04.2014година
Табеларен преглед: бр.1
УПВНМ за индустриска зона ОПАЛЕНИК КО Алданци, Општина Крушево, плански период 2013– 2023 донесенсо Одлука бр. 07-406/4 од 22.04.2014година
Број на градежна парцела |
Вкупна површина на градежна парцела (м2) |
Намена на земјиштето (основна класа) |
Намена на земјиштето (опис)
Компатибилни класи
На намена |
броеви на катастарските парцели во состав на градежната парцела |
Површина за градба (м2) |
Бруто развиена површина (м2) |
процент на изграденост |
коефициент на искористеност на земјиштето |
максимално дозволена висина (м1) |
спратност |
Почетна/ утврдена цена по метар квадратен |
Вкупна почетна/ утврдена цена |
Депозит за учество на електронско јавно наддавање |
УПВНМ за индустриска зона ОПАЛЕНИК КО Алданци, Општина Крушево, плански период 2013– 2023 донесен со
Одлука бр. 07-406/4 од 22.04.2014г,
|
1.3 |
10.132 |
Г2,Г3,Г4 |
Максимално дозволен процент на учество на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 49% |
1282/2 |
7.778 |
СО АУП |
70% |
СО АУП |
СО АУП |
СО АУП |
61,00 |
618.052,00 |
61.805,00 |
1.4 |
10.672 |
Г2,Г3,Г4 |
Максимално дозволен процент на учество на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 49% |
1282/3 |
9.040 |
СО АУП |
70% |
СО АУП |
СО АУП |
СО АУП |
61,00 |
650.992,00 |
65.099,00 |
1.5 |
10.948 |
Г2,Г3,Г4 |
Максимално дозволен процент на учество на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 49% |
1282/4 |
9.336 |
СО АУП |
70% |
СО АУП |
СО АУП |
СО АУП |
61,00 |
667.828,00 |
66.783,0 |
1.6 |
9.306 |
Г2,Г3,Г4 |
Максимално дозволен процент на учество на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 49% |
1282/5 1274/3 |
6.787 |
СО АУП |
70% |
СО АУП |
СО АУП |
СО АУП |
61,00 |
567.666,00 |
56.767,00 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
НАПОМЕНА : Во градежнатапарцела 1.3 поминува 10 kV електричен вод со заштитенпојас кој влегува во површината за градба на градежната парцела. При евениуалнадислокација на истиот најповолниот понудувач има обврака да ги сноси трошоцитеза дислокација.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество најавното наддавање имаат:
Сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат дасе стекнат со сопственост на градежно земјиште на територија на РепубликаМакедонија согласно со закон кои ги исполнуваат условите дадени во објавата односно:
1. Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави коине се членки на Европска унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост наградежно земјиште на територија на Република Македонија.
2. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лицеосновано од странско физичко и правни лица регистрирани во Централниот регистарна РМ, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и наОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки наевропска унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнатправо на сопственост на градежно земјиште на територија на РепубликаМакедонија.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НАЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересиранитедомашни и странски физички и правни лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање поелектронски пат , преку информацискиот систем поставен на интернет страницата: www.gradezno-zemjiste.mk при што потребнатадокументација се доставува во скенирана копија (воPDF) или фотографија од документот во (jpg или jpeg) форма во која се наведени податоци за која парцела се однесува самата пријава, за подносителот на пријавата и кои документи сесоставен дел на пријавата, комплетирана со следните докази приложени поелектронски пат ( за секоја градежна парцела посебно).
1.Електронска пријаваод поднесителот, во која се наведени податоците за подносителот на Пријавата, податоци за којаградежна парцела се однесуваПријавата, и која документација седоставува во прилог.
2. Доказ за платен депозит(да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на дознака);
3. За физички лицауверение за државјанство;
4. За правни лицадоказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;
5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице,односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице и
6. E-mail адреса на поднесителотна пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество наелектронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име ишифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронскотојавно наддавање (за поднесителите напријави кои ќе достават погрешна е-mail адреса, Општина Крушево ќе нема обврска да прима и врши корекција на истата).
Пријавите кои не секомплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавнонаддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронскиизвестени. Подносителот на Пријавата потребно да приложи по електронски пат конПријавата за учество на јавно наддавање и фотокопија од лична трансакционасметка на која ке може да им биде вратен депозитот за учество на јавнонаддавање. Подносителот на Пријавата потребно е во Пријавата која ке ја поднесепо електронски пат задолжително да го наведе телефонскиот број за контакт.
Комисијата ги разгледува секој од документите поднесени конпријавата. Доколку пријавата е комплетна, истата се одобрува. Согласно законот, органот во рок од три дена од приемот на пријавата истата ја разгледува да сеодобри или одбие пријавата. Со одобрување на пријавата, системот автоматски исамостојно генерира единствено корисничко име и лозинка кое автоматски седоставува на E-mail адресата која самостојно ја внелподносителот при поднесување на пријавата. Комисијата доколку ја одбиепријавата за истото подносителот ке биде автоматски известен e-mail адресата која ја внел при поднесување на пријавата.
ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетнацена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведена е во табеларниот преглед
Табела бр. 1
За изградба на индустриски објекти со основни класи нанамени: Г2 – лесна и незгадувачкаиндустрија, Г3 – срвиси, Г4- стоваришта изнесува 61,00 денар од метар квадратен посебно засекоја градежна парцела.
ДЕПОЗИТ
1. Депозитот за учество на електронското јавнонаддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларен преглед дадениво оваа објава и изнесува 10% одвкупната почетна цена за секоја градежната парцела посебно.
2. Депозитотсе уплатува вирмански или преку пошта: назив и седиште на примачот - Буџет наОпштина Крушево, Банка на примачот-Народна Банка на Република Македонијатрансакциска сметка 100000000063095,депозитна сметка на буџетски корисник 740014057669617 , Приходна шифра 733111 програма 00 , цел на дознаката „депозит за јавно наддавање заоттуѓување на градежно земјиште“ за секоја градежна парцела посебно.
3. Депозитотсе враќа во целост на поднесителите на Пријавите за јавно наддавање во рок од15 (петнаесет) дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен напонудувачот кој понудил најповолна цена на кого во рок од 15 (петнаесет) денаод денот на уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му севраќа уплатениот депозит намален за трошоците на постапката во износ од 10% оддепонираните средства.
РОКОВИ
Пријавитеза учество на јавното наддавање можат да се достават до 28.03.2016 година до 16,00 часот по електронски пат на следната интернетстрана www.gradezno-zemjiste.mk
Јавното наддавање ќе започне на 01.04.2016 година во 10,00 часот и истото ќе трае 30 (триесет) минути какошто следува :
Во 10,00часот со траење од 30 (триесет)минути за ГП со број 1.3
Во 11,00часот со траење од 30 (триесет)минути за ГП со број 1.4
Во 12,00часот со траење од 30 (триесет)минути за ГП со број 1.5
Во 13,00часот со траење од 30 (триесет)минути за ГП со број 1.6
ПОСТАПКА
1. Комисијатаги известува подносителите напријавите за комплетираноста на иститепо електронски пат, во рок од 3 (три) дена од денот на поднесувањето на истите,при што на подносителите на Пријавите кои доставиле комплетнадокументација им доставува и корисничкоиме и шифра за учество на електронскот јавно наддавање, а на подносителите напријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување сообразложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
2. Наденот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страницата сокорисничко име и шифра која ја добиле нае-mail адресата доставена во прилог на пријавата заучество на јавното наддавање.
3. Електронскотојавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавањеза секоја градежна парцела посебно.
4. Електронскотојавно надавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот наОпштина Крушево.
5. Електронскотојавното наддавање започнува сообјавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведувапо пат на наддавање од страна на учесниците.
6. Наддавањетосе врши „чекорно“со зголемување на вредноста со секој „чекор“ не помалку од 10,00 денари, во цели броеви бездецимали.
7. Електронскотојавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во Објавата, при што доколку во истекотна последните две минути од определеното време за траење на јавнотонаддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршувањена јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога запериод од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавањепродолжува неограничено се додека во временски интервал од 2 (две) минути иманова понуда.
8. Учесникотна јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
9. Комисијатапо завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавнотонаддавање.
10. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 (петнаесет) денаод денот на приемот на известувањето дека е најповолен понудувач на јавнотонаддавање, да ги уплати средстватасогласно постигнатата крајна цена од наддавањето и до Комисијата заспроведување на постапката за јавно наддавање да достави доказ за извршенатауплата со целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање вооригинална форма.
11. Доколкунајповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигната крајна цена однаддавањето во утврдениот рок, а не ја достави документацијата потребна заучество на јавното наддавање, односно достави документација врз основа на којане може да се склучи договор, уплатените средства за оттуѓување на градежнотоземјиште на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.
12. Доколкунајповолниот понудувач не ги уплати средствата согласно постигната крајна ценаод наддавањето во утврдениот рок, и не достави до Комисијата за спроведување напостапката за јавно наддавање доказ за извршената уплата со целокупнатадокументација потребна за учество на јавното наддавање , ќе се смета декаградежното земјиште не е оттуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување идепонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, аистиот нема да може да учествува насекое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
13. Подоставување на доказот за извршената уплата со целокупната документацијапотребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Kрушево во рок од 5 (пет) работни дена склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежноземјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот најповолниотпонудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 (триесет) дена од потпишувањето на истиот да го доставикај нотар заради вршење на солемнизација. Со договорот најповолниот понудувач(купувачот) се обврзува во рокот од 30 дена по давањето односно недавањето намислењето од Државното правобранителство на Република Македонија да извршисолемнизација на договорот за оттуѓување, во спротивно договорот еднострано кебиде раскинат и 80% од вкупната цена на оттуѓувањето нема да се врати накупувачот.
14. Содоговорот најповолниот понудувач се обврзува во рок од 12 (дванаесет) месеци од извршенатасолемнизација на договорот за градежната парцела со површина над 5000 м2 даприбави одобрение за градење на предвидениот објект согласно урбанистичкиотплан по кој земјиштето е оттуѓено. Купувачот е должен да изгради објектот ворок од 2 (две) години од добивање на правосилно одобрение за градење за објектисо бруто изградена површина до 1000 м2, согласно добиеното одобрение заградење, односно во рок од 4 (четири) години од добивање на правосилноодобрение за градење за објекти со бруто изградена површина над 1000 м2,согласно добиеното одобрение за градење. Доколку во утврдениот рок несе прибави одобрението за градење или објектот не се изгради во утврдениот рок повина на купувачот, истиот ке има обврска да плаќа договорна казна занепочитување на рокот во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавнотонаддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година одистекот на рокот ,односно 3% од вкупнопостигнатата цена на јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот ,односно 4,5% од вкупно постигнатата ценана јавното наддавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година одистекот на рокот. Неисполнувањето на овие обврски односно по паѓање накупувачот во задоцнување со исполнување на овие обврски 3 (три) месеципоследователно, претставува основ, по три последователни месечни повици заизвршување како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договоротда побара потврда за извршност на договорот односно да побара наплата надоговорната казна што претставува и основ за еднострано раскинување надоговорот, при што 80% од вкупната сума од оттуѓувањето не му се враќаат накупувачот.
15. Најповолниотпонудувач (купувач) се обврзува да го плати данокот на промет и нотарските трошоци што ќе произлезат како обврска по склучениот договор заоттуѓување на градежното земјиште.
16. Воцената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
17. Трошоциза нотарската процедура и воведувањето во евиденција на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товарна купувачот на градежното земјиште.
18. Сопственикотна градежното земјиште стекнато во постапка за оттуѓување по пат на јавнонаддавање не смее истото да го пренесува на трети лица, пред исполнување наобврските од договорот за оттуѓување на истото. Забраната за пренесување натрети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата нанедви1ностите.
19. Незадоволнитеучесници на јавното наддавање можат дададат приговор до Комисија во рок од3 (три) дена од одржаното електронскојавно наддавање.
20. Поприговор Комисијата е должна да одлучисо решение во рок од 5 (пет)работни дена од приемот на истиот.Против решението донесено од страна на Комисијата странката има право да поднесежалба во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на решението доДржавната комисија за одлучување по управна постапка и постапка од работеноднос од втор степен
21. Овааобјава ќе биде објавена и на интернет страната на Општина Крушево - www.krusevo.gov.mk
Бр.03-1 ОПШТИНА КРУШЕВО
О д 24.02.2016 год. Комисија заспроведување на постапка
за јавно наддавање
П р е д с е д а т е л.
Васил Јошески с.р.