Закон за градежно земјиште, Непосредна спогодба

  • (1) Градежно земјиште сопственост на Република Македонија се отуѓува и дава под долготраен закуп со непосредна спогодба на начин и под услови утврдени со овој закон.
  • (2) Отуѓувањето и давањето под долготраен закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба се врши по поднесено барање од физичко или правно лице. 9Согласно со член 26 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 137/2013), ставовите (3) и (4) од овој член ќе се применуваат од 1 јануари 2014 година.
  • (3) Барањето од ставот (2) на овој член се поднесува на електронски начин. Начинот за поднесување на барањето го пропишува министерот.
  • (4) Барателот по завршувањето на постапката од ставот (1) на овој член, при вршењето на солемнизација на договорот кај нотар, е должен сите докази и прилози да ги достави во оригинал на нотарот каде што ќе се врши солемнизацијата на истиот.
  • (5) По барањето од ставот (2) на овој член општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, односно органот на управа надлежен за вршење на работите кои се однесуваат на управувањето со градежното земјиште сопственост на Република Македонија, одлучуваат согласно со одредбите од Законот за општата управна постапка.
  • (6) По правосилност на решението со кое се уважува барањето од ставот (2) на овој член, градоначалникот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, односно министерот во име на Република Македонија, во рок од пет дена склучува договор за отуѓување или давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба.
  • (7) Против решение донесено од страна на општина, општина во градот Скопје и градот Скопје може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до органот на државна управа надлежен за вршење на работите кои се однесуваат на управувањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, а против решение донесено од органот на државна управа надлежен за вршење на работите кои се однесуваат на управувањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

1. Барање за за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба за потреби на верските заедници за изградба на верски објекти предвидени со урбанистички планови. Повеќе детали

Член 66

(1) Kога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба за потребите на верските заедници за изградба на верски објекти предвидени со урбанистички план или урбанистичка планска документација, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
  • - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
  • - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
  • - имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
  • - согласност за изградба на верски објект на предметното градежно земјиште од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи,
  • - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
  • - доказ за регистрација на верската заедница согласно со закон.

2. Барање за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Македонија со непосредна спогодба за потреба на дипломатско-конзуларните претставништва за изградба на дипломатско-конзуларни објекти. Повеќе детали

Член 67

(1) Кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба за потребите на дипломатско-конзуларните претставништва за изградба на дипломатско-конзуларни објекти, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
  • - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
  • - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
  • - имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
  • - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
  • - мислење од Министерството за надворешни работи.
  • (2) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите кои се однесуваат на управувањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, кој врз основа на претходно прибавена согласност од Владата на Република Македонија одлучува по истото.

3. Барање за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Македонија со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон. Повеќе детали

Член 68

(1) Кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација, а лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела и ако со планот на таа градежна парцела не се предвидува изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
  • - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
  • - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
  • - имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на подносителот на барањето, за градежното земјиште кое претставува над 30% од градежната парцела,
  • - имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
  • - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
  • - доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице.
  • (2) Доколу во рамките на градежната парцела има повеќе сопственици на земјиштето, барањето од ставот (1) на овој член може да го поднесе и само еден од сопствениците кој има повеќе од 30% сопственост од градежната парцела, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежната парцела се откажуваат од правото да бидат подносители на барањето.

4. Барање за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Македонија со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и евидентирани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно. Повеќе детали

Член 69

(1) Кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација и запишани во јавната книга на недвижности кои не поседуваат акт за доделување на правото на користење на градежно земјиште, кон барањето се поднесуваат следните докази:
  • - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела,
  • - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела,
  • - имотен лист кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена, со запишано право на сопственост на објектот или посебниот дел од објектот на подносителот на барањето,
  • - имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
  • - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
  • - доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопиjа од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице.
  • (2) Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето од ставот (1) на овој член може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуваат сопственикот на објектот да го поднесе барањето од ставот (1) на овој член.

5. Барање за отуѓување на градежно земјиште сопственост Република Македонија со непосредна спогодба на другите сопственици на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно Законот за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности. Повеќе детали

Член 69а

  • (1) Кога градежното земјиште се отуѓува со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности, кон барањето за отуѓување се доставува решението за утврдување на правен статус на бесправен објект и доказите утврдени во членот 69 од овој закон.
  • (2) Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се отуѓи со непосредна спогодба на сопствениците на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности, и тоа:
    • - градежното земјиште под објектот, односно делот од објектот за кој е донесено решение согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти и
    • - градежното земјиште кое се наоѓа во рамките на градежната парцела, а не претставува земјиште под објектот.
  • (3) Градежното земјиште од ставот (2) на овој член се отуѓува по завршување на постапката од ставот (2) алинеја 1 на овој член или истовремено со отуѓувањето на земјиштето под објектот.
  • (4) Висината на цената на градежното земјиште од ставот (2) на овој член се утврдува во зависност од намената и површината на градежната парцела согласно со прописот од членот 15 став (6) од овој закон. 10Со член 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 137/2013) во овој член е доден нов став (3), а ренумериран е само постоечкиот став (3) во став (4).

6. Барање за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба врз основа на сопственост на објекти и посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација согласно урбанистички план на градежно земјиште на кое имаат засновано право на долготраен закуп и исплатено закупнина и други давачки кои произлегуваат од договорот за долготраен закуп за тековната година. Повеќе детали

Член 70

  • (1) Сопствениците на објекти или посебни делови од објекти изградени со градежно-техничка документација на градежно земјиште на кое имаат засновано право на долготраен закуп, доколку објектите се изградени согласно со урбанистички план или урбанистичка планска документација и доколку ја имаат исплатено закупнината за тековната година и другите давачки кои произлегуваат од договорот за долготраен закуп можат да поднесат барање да им се отуѓи градежното земјиште со непосредна спогодба. Закупнините кои се платени до денот на поднесувањето на барањето не се пресметуваат во цената за отуѓување на земјиштето.
  • (2) Доколку во рамките на градежната парцела, освен Република Македонија има и други сопственици на градежното земјиште, барањето од ставот (1) на овој член може да го поднесе носителот на правото на сопственост на објектот, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежното земјиште се согласуват сопственикот на објектот да го поднесе барањето од ставот (1) на овој член.
  • (3) Кон барањето од ставот (1) на овој член се поднесуваат следниве докази:
    • - договор за засновање на правото на долготраен закуп,
    • - имотен лист за земјиштето сопственост на Република Македонија, во кој е запишано заснованото право на долготраен закуп,
    • - имотен лист за објектот кој е изграден на градежното земјиште и
    • - доказ за платена закупнина до моментот на поднесување на барањето.

7. Барање за давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со намена за изградба на објекти од јавен интерес утврдени со закон. Повеќе детали

Член 71

  • (1) Кога градежното земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на објекти од јавен интерес се дава под долготраен закуп со непосредна спогодба, кон барањето се поднесуваат следниве докази:
    • - извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела, односно проект за инфраструктура со утвдрена површина за градење,
    • - геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела, односно површината за градење утврдена со проект за инфраструктура,
    • - имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена,
    • - уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина и
    • - доказ за регистрација доколку подносителот на барањето е правно лице, односно фотокопија од лична карта или патна исправа ако подносител на барањето е физичко лице.
  • (2) По добивање на барањето со доказите од ставот (1) на овој член, општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, доставува барање до Владата на Република Македонија за давање на согласност за склучување на договор за долготраен закуп со непосредна спогодба.
  • (3) Владата на Република Македонија нема да даде согласност од ставот (2) на овој член, доколку утврди дека за давањето на градежното земјиште под долготраен закуп може да постои интерес од повеќе заинтересирани субјекти и истото може да се даде под долготраен закуп по пат на јавно наддавање.